обере

Глагол, свршен

Значење на обере:

1. Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл. Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата. Оваа година рано го обравме тутунот.

2. (разг.) Ограби некого или нешто. Некој ме обрал додека сум спиел. По патот го сретнале арамии и го обрале.

Коњугација: (ќе) обереа , (ќе) оберев , (ќе) оберел , оберат , оберен, оберете , обери , обраа , обрав , обрал , обран .

Изведени зборови:

  • оберува, глаг. несв. оберуваат -- обира, обираат
  • оберување, глаг. им. ср. оберување / обирање

Фразеолошки израз / поговорка:

Го обрал бостанот – сп. бостан.

Оригинални податоци:

обере, оберат; обери, оберете; обрав, обраа; обрал; обран; (ќе) оберев, (ќе) обереа; (ќе) оберел; оберен св. 1. Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл. Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата. Оваа година рано го обравме тутунот. 2. (разг.) Ограби некого или нешто. Некој ме обрал додека сум спиел. По патот го сретнале арамии и го обрале. ◊ Го обрал бостанот – сп. бостан. ǁ оберува, оберуваат / обира, обираат несв. ǁ глаг. им. оберување / обирање ср.