обесхрабри

Глагол, свршен

Значење на обесхрабри:

Направи некој да изгуби храброст, деморализира, исплаши некого. Уште со првиот неуспех, таа го обесхрабри својот тренер. Лошите вести ги обесхрабрија селаните.

Коњугација: обесхрабрат.

Изведени зборови:

  • обесхрабрување, глаг. им. ср.
  • се ~ обесхрабри, Изгуби храброст. Тој се обесхрабри и не сакаше да влезе внатре.
  • (се) обесхрабрува, глаг. несв. (се) обесхрабруваат

Оригинални податоци:

обесхрабри, обесхрабрат св. Направи некој да изгуби храброст, деморализира, исплаши некого. Уште со првиот неуспех, таа го обесхрабри својот тренер. Лошите вести ги обесхрабрија селаните. ● се ~ Изгуби храброст. Тој се обесхрабри и не сакаше да влезе внатре. ǁ (се) обесхрабрува, (се) обесхрабруваат несв. ǁ глаг. им. обесхрабрување ср.