обеси

Глагол, свршен

Значење на обеси:

1. Закачи, намести нешто да виси. Тој ја обеси низата пиперки на ѕидот од балконот. Таа ги обеси мокрите алишта на едно јаже во дворот.

2. Лиши некого од живот со бесење, изврши смртна казна бесење. Некаде околу полноќ ги обесија двајцата партизани.

3. (прен.) Спушти, наведне (глава и др.). Момчето ја обеси главата нажалено.

Коњугација: обесат.

Изведени зборови:

  • обесување, глаг. им. ср.
  • се ~ обеси, 1. Си го одзеде животот со бесење. Тој се обесил на дабот зад куќата. 2. Се провисне на некого или на нешто. Таа ми се обеси на вратот. Мајмунот се обеси на една гранка од дрвото.
  • (се) обесува, глаг. несв. (се) обесуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Го обеси носот – се налути.

Оригинални податоци:

обеси, обесат св. 1. Закачи, намести нешто да виси. Тој ја обеси низата пиперки на ѕидот од балконот. Таа ги обеси мокрите алишта на едно јаже во дворот. 2. Лиши некого од живот со бесење, изврши смртна казна бесење. Некаде околу полноќ ги обесија двајцата партизани. 3. (прен.) Спушти, наведне (глава и др.). Момчето ја обеси главата нажалено. ● се ~ 1. Си го одзеде животот со бесење. Тој се обесил на дабот зад куќата. 2. Се провисне на некого или на нешто. Таа ми се обеси на вратот. Мајмунот се обеси на една гранка од дрвото. ◊ Го обеси носот – се налути. ǁ (се) обесува, (се) обесуваат несв. ǁ глаг. им. обесување ср.