обеспокои
Значење на обеспокои:
Направи некој да биде неспокоен, вознемири некого. Лаежот на кучињата ги обеспокои селаните. Го обеспокои мислата за утрешната средба.Коњугација: (ќе) обеспокоев , (ќе) обеспокоеја , (ќе) обеспокоел, обеспокоен , обеспокоив , обеспокоија , обеспокоил , обеспокој , обеспокојат , обеспокојте .
Изведени зборови:
- обеспокојување, глаг. им. ср.
- се ~ обеспокои, Стане неспокоен, вознемирен. Тој се обеспокои од веста што ја чу. Децата се обеспокоија од присуството на војниците.
- (се) обеспокојува, глаг. несв. (се) обеспокојуваат
Оригинални податоци:
обеспокои, обеспокојат; обеспокој, обеспокојте; обеспокоив, обеспокоија; обеспокоил; обеспокоен; (ќе) обеспокоев, (ќе) обеспокоеја; (ќе) обеспокоел св. Направи некој да биде неспокоен, вознемири некого. Лаежот на кучињата ги обеспокои селаните. Го обеспокои мислата за утрешната средба. ● се ~ Стане неспокоен, вознемирен. Тој се обеспокои од веста што ја чу. Децата се обеспокоија од присуството на војниците. ǁ (се) обеспокојува, (се) обеспокојуваат несв. ǁ глаг. им. обеспокојување ср.