обезбеди
Значење на обезбеди:
1. Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба; заштити од опасност. Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади. Војниците добија задача да го обезбедат рудникот.
2. Добие, заслужи нешто, овозможи нешто некому. Со својата пожртвувана работа, тој ја обезбеди довербата на колективот. Неговото покровителство му обезбеди брзо напредување во кариерата.
3. Задоволи нечии потреби, снабди некого со нешто. Тој им обезбеди храна на животните. Обезбедив пари за престој во странство.
Конјугација: обезбедат.
Изведени зборови:
- обезбедување, глаг. им. ср.
- се ~ обезбеди, Се задоволи, се снабди со нешто. Навреме се обезбедивме со огрев за зимава.
- (се) обезбедува, глаг. несв. (се) обезбедуваат
Оригинални податоци:
обезбеди, обезбедат св. 1. Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба; заштити од опасност. Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади. Војниците добија задача да го обезбедат рудникот. 2. Добие, заслужи нешто, овозможи нешто некому. Со својата пожртвувана работа, тој ја обезбеди довербата на колективот. Неговото покровителство му обезбеди брзо напредување во кариерата. 3. Задоволи нечии потреби, снабди некого со нешто. Тој им обезбеди храна на животните. Обезбедив пари за престој во странство. ● се ~ Се задоволи, се снабди со нешто. Навреме се обезбедивме со огрев за зимава. ǁ (се) обезбедува, (се) обезбедуваат несв. ǁ глаг. им. обезбедување ср.