обезглави
Значење на обезглави:
1. Убие некого со отсекување на главата. Заробените војници ги обезглавија.
2. (прен.) Лиши од раководство, од раководна функција. Ненадејниот напад на непријателот го разби и го обезглави одредот.
3. (прен.) Избезуми, збуни некого. Интервенциите во монетарниот систем ги обезглавија луѓето.
Коњугација: обезглават.
Изведени зборови:
- обезглавување, глаг. им. ср.
- се ~ обезглави, (прен.) Се избезуми, се збуни. Таа се обезглави од неговите постапки.
- (се) обезглавува, глаг. несв. (се) обезглавуваат
Оригинални податоци:
обезглави, обезглават св. 1. Убие некого со отсекување на главата. Заробените војници ги обезглавија. 2. (прен.) Лиши од раководство, од раководна функција. Ненадејниот напад на непријателот го разби и го обезглави одредот. 3. (прен.) Избезуми, збуни некого. Интервенциите во монетарниот систем ги обезглавија луѓето. ● се ~ (прен.) Се избезуми, се збуни. Таа се обезглави од неговите постапки. ǁ (се) обезглавува, (се) обезглавуваат несв. ǁ глаг. им. обезглавување ср.