обгледа

Глагол, свршен

Значење на обгледа:

Опфати со поглед целосно некого или нешто, прегледа, разгледа внимателно, од сите страни. Таа добро го обгледа момчето што дојде кај неа. Го обгледа убаво стариот стол и го фрли во огнот.

Коњугација: обгледаат.

Изведени зборови:

  • обгледување, глаг. им. ср.
  • се ~ обгледа, 1. Фрли поглед на себеси, се погледне. Се обгледа во алиштата и излезе. 2. Се обѕрне, погледне околу себе, наоколу. Тие се обгледале наоколу и влегле внатре во куќата.
  • (се) обгледува, глаг. несв. (се) обгледуваат

Оригинални податоци:

обгледа, обгледаат св. Опфати со поглед целосно некого или нешто, прегледа, разгледа внимателно, од сите страни. Таа добро го обгледа момчето што дојде кај неа. Го обгледа убаво стариот стол и го фрли во огнот. ● се ~ 1. Фрли поглед на себеси, се погледне. Се обгледа во алиштата и излезе. 2. Се обѕрне, погледне околу себе, наоколу. Тие се обгледале наоколу и влегле внатре во куќата. ǁ (се) обгледува, (се) обгледуваат несв. ǁ глаг. им. обгледување ср.