обгори
Значење на обгори:
1. Опфати нешто со пламен однадвор, потпали, подгори. Гредите на таванот за миг обгорија.
2. (прен.) Вцрви, зарумени. Неговите зборови ја обгорија сета. Сонцето ѝ го обгори лицето.
Коњугација: обгорат.
Изведени зборови:
- обгорува, глаг. несв. обгоруваат
- обгорување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
обгори, обгорат св. 1. Опфати нешто со пламен однадвор, потпали, подгори. Гредите на таванот за миг обгорија. 2. (прен.) Вцрви, зарумени. Неговите зборови ја обгорија сета. Сонцето ѝ го обгори лицето. ǁ обгорува, обгоруваат несв. ǁ глаг. им. обгорување ср.