обгради
Значење на обгради:
1. Загради нешто од сите страни, постави ограда. Го обгради дворот со бодликава жица.
2. Опколи, опкружи. Ледината беше обградена со високи тополи. Двајца ранети го обградија огништето.
Коњугација: обградат.
Изведени зборови:
- обградува, глаг. несв. обградуваат
- обградување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
обгради, обградат св. 1. Загради нешто од сите страни, постави ограда. Го обгради дворот со бодликава жица. 2. Опколи, опкружи. Ледината беше обградена со високи тополи. Двајца ранети го обградија огништето. ǁ обградува, обградуваат несв. ǁ глаг. им. обградување ср.