обиде

Глагол, свршен

Значење на обиде:

1. За јадење или за пијалак – вкуси, проба. Зедов да ја обидам ракијата. Тој обиде од мезето.

2. Стави на проба некого или нешто, испита, провери. Обиди го одоколу, сигурно ќе каже нешто.

Коњугација: (ќе) обидеа , (ќе) обидев , (ќе) обидел , обидат , обиден, обидете , обиди , обидоа , обидов .

Изведени зборови:

  • обидување, глаг. им. ср. обидување, PLUR_обидувања По неколку обидувања, се откажа од трката.
  • се ~ обиде, 1. Направи обид, проба, изврши подготовки за нешто. Некој се обиде да ја отвори вратата. Се обидов да не мислам на тоа. Обиди се да заспиеш. 2. Се провери, се испроба во нешто. Ајде, дојди да се обидеме, да видиме кој е посилен.
  • (се) обидува, глаг. несв. (се) обидуваат

Оригинални податоци:

обиде, обидат; обиди, обидете; обидов, обидоа; (ќе) обидев, (ќе) обидеа; (ќе) обидел; обиден св. 1. За јадење или за пијалак – вкуси, проба. Зедов да ја обидам ракијата. Тој обиде од мезето. 2. Стави на проба некого или нешто, испита, провери. Обиди го одоколу, сигурно ќе каже нешто. ● се ~ 1. Направи обид, проба, изврши подготовки за нешто. Некој се обиде да ја отвори вратата. Се обидов да не мислам на тоа. Обиди се да заспиеш. 2. Се провери, се испроба во нешто. Ајде, дојди да се обидеме, да видиме кој е посилен. ǁ (се) обидува, (се) обидуваат несв. ǁ глаг. им. обидување, мн. обидувања ср. По неколку обидувања, се откажа од трката.