објасни
Значење на објасни:
1. Протолкува, разјасни нешто. Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот. Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот.
2. Направи нешто да стане јасно, разбирливо. Тој им ја објасни на луѓето целата работа. Директорот им ја објасни тешката ситуација на вработените.
3. Разоткрие, установи причина, смисла на нешто. Не можам да си објаснам што се случи со мене. Не знаеше како да ја објасни нејзината постапка. Науката уште не може да ја објасни таа природна појава.
Коњугација: објаснат.
Изведени зборови:
- објаснување, глаг. им. ср.
- се ~ објасни, Се разјасни, се расправи со некого, расчисти некои недоразбирања. Оставете ги децата, тие самите меѓусебе ќе се објаснат. Тој ме избегнува и не сака да се објасни со мене.
- (се) објаснува, глаг. несв. (се) објаснуваат
Оригинални податоци:
објасни, објаснат св. 1. Протолкува, разјасни нешто. Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот. Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот. 2. Направи нешто да стане јасно, разбирливо. Тој им ја објасни на луѓето целата работа. Директорот им ја објасни тешката ситуација на вработените. 3. Разоткрие, установи причина, смисла на нешто. Не можам да си објаснам што се случи со мене. Не знаеше како да ја објасни нејзината постапка. Науката уште не може да ја објасни таа природна појава. ● се ~ Се разјасни, се расправи со некого, расчисти некои недоразбирања. Оставете ги децата, тие самите меѓусебе ќе се објаснат. Тој ме избегнува и не сака да се објасни со мене. ǁ (се) објаснува, (се) објаснуваат несв. ǁ глаг. им. објаснување ср.