објаснување
Значење на објаснување:
1. Глаголска именка од објасни.
2. Одговор, образложение, толкување. Го прифати неговото објаснување. Јас ви должам објаснување. Дополнителни објаснувања.
3. Расправија, препирка. Тој беше сведок на објаснувањето меѓу нив. Не сакаше да влегува во никакви објаснувања со директорот.
Множина: објаснувања.
Оригинални податоци:
објаснување, мн. објаснувања ср. 1. Глаг. им. од објасни. 2. Одговор, образложение, толкување. Го прифати неговото објаснување. Јас ви должам објаснување. Дополнителни објаснувања. 3. Расправија, препирка. Тој беше сведок на објаснувањето меѓу нив. Не сакаше да влегува во никакви објаснувања со директорот.