објави
Значење на објави:
1. Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому. Владата објави предвремени избори. Сите весници објавија коментари за протестниот собир.
2. Публикува, издаде, отпечати нешто. Оваа издавачка куќа објави поголем број дела од домашни автори. Во текот на оваа година, тој објави две збирки поезија.
3. Со официјален акт извести за почетокот на некакво дејство, состојба, положба. Двете завојувани страни објавија примирје. Власта објави општа мобилизација.
4. Даде официјално соопштение, потврда за нешто. Тој објави дека предлогот е едногласно усвоен. Лекарот објави дека постигнал успеси во лекувањето со новиот лек.
Коњугација: објават.
Изведени зборови:
- објавува, глаг. несв. објавуваат
- објавување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
објави, објават св. 1. Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому. Владата објави предвремени избори. Сите весници објавија коментари за протестниот собир. 2. Публикува, издаде, отпечати нешто. Оваа издавачка куќа објави поголем број дела од домашни автори. Во текот на оваа година, тој објави две збирки поезија. 3. Со официјален акт извести за почетокот на некакво дејство, состојба, положба. Двете завојувани страни објавија примирје. Власта објави општа мобилизација. 4. Даде официјално соопштение, потврда за нешто. Тој објави дека предлогот е едногласно усвоен. Лекарот објави дека постигнал успеси во лекувањето со новиот лек. ǁ објавува, објавуваат несв. ǁ глаг. им. објавување ср.