облагороди
Значење на облагороди:
1. Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед. Мајчинството ја облагороди нејзината душа. Таа ја облагороди неговата личност.
2. Подобри сорта, квалитет на растение, животно, материјал. Новиот агроном презеде акција да ги облагороди овошките.
Коњугација: облагородат.
Изведени зборови:
- облагородување, глаг. им. ср.
- се ~ облагороди, Стане поблагороден, подобар во морален поглед. Тој се облагороди на стари години.
- (се) облагородува, глаг. несв. (се) облагородуваат
Оригинални податоци:
облагороди, облагородат св. 1. Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед. Мајчинството ја облагороди нејзината душа. Таа ја облагороди неговата личност. 2. Подобри сорта, квалитет на растение, животно, материјал. Новиот агроном презеде акција да ги облагороди овошките. ● се ~ Стане поблагороден, подобар во морален поглед. Тој се облагороди на стари години. ǁ (се) облагородува, (се) облагородуваат несв. ǁ глаг. им. облагородување ср.