област

Именка, женски род

Значење на област:

1. Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл. Поларна област. Тропски области.

2. Поголема административно-територијална и управна единица. Оваа покраина има статус на автономна област.

3. Зона, појас, реон во кој е распространето нешто или се одликува со нешто општо, заедничко. Ова растение вирее само во областа на Средоземното Море. Западномакедонска говорна област.

4. Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи. Тој чувствува болки во областа на градниот кош.

5. (прен.) Подрачје, домен, сфера на некоја дејност, наука, работа и сл. Овој магистерски труд е од областа на семантиката. Освои многу награди во областа на литературата.

Множина: области.

Оригинални податоци:

област, мн. области ж. 1. Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл. Поларна област. Тропски области. 2. Поголема административно-територијална и управна единица. Оваа покраина има статус на автономна област. 3. Зона, појас, реон во кој е распространето нешто или се одликува со нешто општо, заедничко. Ова растение вирее само во областа на Средоземното Море. Западномакедонска говорна област. 4. Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи. Тој чувствува болки во областа на градниот кош. 5. (прен.) Подрачје, домен, сфера на некоја дејност, наука, работа и сл. Овој магистерски труд е од областа на семантиката. Освои многу награди во областа на литературата.