облази
Значење на облази:
1. Остави траги, црвенило (обично од некаков инсект). Имаш црвени траги по грбот, сигурно те облазила гасеница. Пајак ми ја облази ногата.
2. (прен.) За човек – осети нешто по телото (трпки, јадеж и сл.). Трпки го облазија по снагата кога ја здогледа девојката. Јадеж му ја облази сета снага.
Коњугација: облазат.
Изведени зборови:
- облазува, глаг. несв. облазуваат
- облазување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
облази, облазат св. 1. Остави траги, црвенило (обично од некаков инсект). Имаш црвени траги по грбот, сигурно те облазила гасеница. Пајак ми ја облази ногата. 2. (прен.) За човек – осети нешто по телото (трпки, јадеж и сл.). Трпки го облазија по снагата кога ја здогледа девојката. Јадеж му ја облази сета снага. ǁ облазува, облазуваат несв. ǁ глаг. им. облазување ср.