облече

Глагол, свршен

Значење на облече:

1. Стави облека на телото. Таа го облече новиот фустан. Тој ја облече својата војничка униформа. Мајката му облече џемпер на детето.

2. Снабди некого со облека. Таа ја потроши целата плата за да го облече семејството. Селаните ги облекле и ги нахраниле двајцата партизани.

3. (прен.) Обвие, покрие нешто како со облека. Дренот ја облече својата жолта облека. Гората облече зелена облека.

4. (прен.) Даде некаква форма, облик на нешто. Инспирацијата доаѓа во одблесоци за да ги облече околностите. Народните умотворби, запишани по сеќавање, тој ги облекувал во свое јазично руво.

Коњугација: (ќе) облечеа , (ќе) облечев , (ќе) облечел , облекле , облекоа , облеков , облекол , облечат , облечен, облечете , облечи .

Изведени зборови:

  • облечување, глаг. им. ср. облечување / облекување
  • се ~ облече, 1. Се покрие со облека, стави врз себеси облека. Тој се облече и излезе надвор. Таа се облече во црна облека. 2. Се снабди со облека. Со тие пари сите дома се облековме.
  • (се) облечува, глаг. несв. (се) облечуваат -- (се) облекува, (се) облекуваат

Оригинални податоци:

облече, облечат; облечи, облечете; облеков, облекоа; облекол, облекле; (ќе) облечев, (ќе) облечеа; (ќе) облечел; облечен св. 1. Стави облека на телото. Таа го облече новиот фустан. Тој ја облече својата војничка униформа. Мајката му облече џемпер на детето. 2. Снабди некого со облека. Таа ја потроши целата плата за да го облече семејството. Селаните ги облекле и ги нахраниле двајцата партизани. 3. (прен.) Обвие, покрие нешто како со облека. Дренот ја облече својата жолта облека. Гората облече зелена облека. 4. (прен.) Даде некаква форма, облик на нешто. Инспирацијата доаѓа во одблесоци за да ги облече околностите. Народните умотворби, запишани по сеќавање, тој ги облекувал во свое јазично руво. ● се ~ 1. Се покрие со облека, стави врз себеси облека. Тој се облече и излезе надвор. Таа се облече во црна облека. 2. Се снабди со облека. Со тие пари сите дома се облековме. ǁ (се) облечува, (се) облечуваат / (се) облекува, (се) облекуваат несв. ǁ глаг. им. облечување / облекување ср.