облее

Глагол, свршен

Значење на облее:

1. Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто. Дождот ја облеа сувата трева. Го облеа чаршафот со вино.

2. Наеднаш силно се испоти. Го облеа студена пот по грбот.

3. (прен.) Обземе некакво чувство. Радост ја облеа душата на старецот. Насмевка му го облеа лицето.

Коњугација: (ќе) облеев , (ќе) облееја , (ќе) облеел , облеав , облеаја , облеал , облеан , облеат , облеен, облеј , облејте .

Изведени зборови:

  • облевање, глаг. им. ср.
  • (се) облева, глаг. несв. (се) облеваат
  • се ~ облее, Се полее, се наводени од нешто. Девојката се облеа во солзи. Тој се облеа во крв.

Оригинални податоци:

облее, облеат; облеј, облејте; облеав, облеаја; облеал; облеан; (ќе) облеев, (ќе) облееја; (ќе) облеел; облеен св. 1. Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто. Дождот ја облеа сувата трева. Го облеа чаршафот со вино. 2. Наеднаш силно се испоти. Го облеа студена пот по грбот. 3. (прен.) Обземе некакво чувство. Радост ја облеа душата на старецот. Насмевка му го облеа лицето. ● се ~ Се полее, се наводени од нешто. Девојката се облеа во солзи. Тој се облеа во крв. ǁ (се) облева, (се) облеваат несв. ǁ глаг. им. облевање ср.