облепи
Значење на облепи:
1. Покрие, премачка нешто со леплива материја. Тој ја облепи колибата со кал измешана со слама. Калемот на дрвцето го облепи со восок.
2. Залепи, излепи постери, плакати и сл. Децата ја облепија собата со постери. Таа ја облепи кутијата со украсна хартија.
Коњугација: облепат.
Изведени зборови:
- облепува, глаг. несв. облепуваат
- облепување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
облепи, облепат св. 1. Покрие, премачка нешто со леплива материја. Тој ја облепи колибата со кал измешана со слама. Калемот на дрвцето го облепи со восок. 2. Залепи, излепи постери, плакати и сл. Децата ја облепија собата со постери. Таа ја облепи кутијата со украсна хартија. ǁ облепува, облепуваат несв. ǁ глаг. им. облепување ср.