оближе
Значење на оближе:
1. а) Излиже, изеде нешто со лижење. Детето ја оближа лажицата со мед. Мачката го оближа млекото од чинијата. б) Допре нешто со лижење. Тој ги оближа усните испукани од студот. Кравата го оближа телето.
2. (прен.) За пламен, чад и сл. – допре, опфати нешто. Пламенот ја оближа сета колиба.
Коњугација: (ќе) оближеа , (ќе) оближев , (ќе) оближел, оближаа , оближав , оближал , оближан , оближат , оближете , оближи .
Изведени зборови:
- оближување, глаг. им. ср.
- се ~ оближе, Помине со јазикот по некој дел од телото. Се оближа по испуканите усни. Тој погледна во јадењето и се оближа.
- (се) оближува, глаг. несв. (се) оближуваат
Оригинални податоци:
оближе, оближат; оближи, оближете; оближав, оближаа; оближал; оближан; (ќе) оближев, (ќе) оближеа; (ќе) оближел св. 1. а) Излиже, изеде нешто со лижење. Детето ја оближа лажицата со мед. Мачката го оближа млекото од чинијата. б) Допре нешто со лижење. Тој ги оближа усните испукани од студот. Кравата го оближа телето. 2. (прен.) За пламен, чад и сл. – допре, опфати нешто. Пламенот ја оближа сета колиба. ● се ~ Помине со јазикот по некој дел од телото. Се оближа по испуканите усни. Тој погледна во јадењето и се оближа. ǁ (се) оближува, (се) оближуваат несв. ǁ глаг. им. оближување ср.