обложи
Значење на обложи:
1. Замота, завитка со нешто. Таа ја обложи кутијата со украсна хартија. Детето го обложија со студени чаршафи.
2. Покрие, прекрие со нешто. Собата ја обложија со тапети. Го обложивме подот со теписон.
Коњугација: обложат.
Изведени зборови:
- обложување, глаг. им. ср.
- се ~ обложи, Се замота, се завитка во нешто. Тој се обложи со гуната и заспа.
- (се) обложува, глаг. несв. (се) обложуваат
Оригинални податоци:
обложи, обложат св. 1. Замота, завитка со нешто. Таа ја обложи кутијата со украсна хартија. Детето го обложија со студени чаршафи. 2. Покрие, прекрие со нешто. Собата ја обложија со тапети. Го обложивме подот со теписон. ● се ~ Се замота, се завитка во нешто. Тој се обложи со гуната и заспа. ǁ (се) обложува, (се) обложуваат несв. ǁ глаг. им. обложување ср.