обнови

Глагол, свршен

Значење на обнови:

1. Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато. Селаните го обновија разурнатиот манастир. Тој ја обнови старата куќа. Нашата фирма ќе ги обнови улиците во градот.

2. Одново, повторно востанови, претстави, оживее нешто. Печатницата ја обнови својата издавачка дејност. Тој ги обнови старите пријателства. Актерите решија да ја обноват претставата.

3. Повтори, одново преземе, актуализира нешто. Владата ќе го обнови судскиот процес. Претпријатието го обнови конкурсот за директор.

Коњугација: обноват.

Изведени зборови:

  • обновување, глаг. им. ср.
  • се ~ обнови, 1. Се врати во поранешната состојба. Здравјето ми се обнови по престојот на село. 2. Се врати повторно во свеста, се сети на нешто. Кога ги видов сликите, ми се обнови сеќавањето за старите другари. Таму ми се обновија спомените за детството.
  • (се) обновува, глаг. несв. (се) обновуваат

Оригинални податоци:

обнови, обноват св. 1. Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато. Селаните го обновија разурнатиот манастир. Тој ја обнови старата куќа. Нашата фирма ќе ги обнови улиците во градот. 2. Одново, повторно востанови, претстави, оживее нешто. Печатницата ја обнови својата издавачка дејност. Тој ги обнови старите пријателства. Актерите решија да ја обноват претставата. 3. Повтори, одново преземе, актуализира нешто. Владата ќе го обнови судскиот процес. Претпријатието го обнови конкурсот за директор. ● се ~ 1. Се врати во поранешната состојба. Здравјето ми се обнови по престојот на село. 2. Се врати повторно во свеста, се сети на нешто. Кога ги видов сликите, ми се обнови сеќавањето за старите другари. Таму ми се обновија спомените за детството. ǁ (се) обновува, (се) обновуваат несв. ǁ глаг. им. обновување ср.