обоен

Придавка

Значење на обоен:

1. Што е со боја, што не е бел, безбоен. Обоена ограда. Обоена хартија. Обоени пијалаци.

2. (прен.) Што содржи нешто посебно, специфично, карактеристично. Битово обоен стил. Емоционално обоена содржина.

Членувана форма: обоениот.

Изведени зборови:

  • обоеност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Обоена металургија – гранка од индустријата што се занимава со добивање на обоени метали.

Оригинални податоци:

обоен, обоениот прид. 1. Што е со боја, што не е бел, безбоен. Обоена ограда. Обоена хартија. Обоени пијалаци. 2. (прен.) Што содржи нешто посебно, специфично, карактеристично. Битово обоен стил. Емоционално обоена содржина. ◊ Обоена металургија – гранка од индустријата што се занимава со добивање на обоени метали. ǁ обоеност ж.