обори
Значење на обори:
1. Надвие некого во борење, собори, кутне. Нашиот борач брзо го обори противникот. Децата ме оборија на земја.
2. Надмине досегашен резултат, рекорд. Пливачите оборија неколку државни рекорди.
3. (прен.) Побие нечие тврдење, аргументи и сл., се спротивстави на нешто. Адвокатот го обори обвинението поради непостоење на доволно докази.
Коњугација: оборат.
Изведени зборови:
- оборува, глаг. несв. оборуваат
- оборување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
обори, оборат св. 1. Надвие некого во борење, собори, кутне. Нашиот борач брзо го обори противникот. Децата ме оборија на земја. 2. Надмине досегашен резултат, рекорд. Пливачите оборија неколку државни рекорди. 3. (прен.) Побие нечие тврдење, аргументи и сл., се спротивстави на нешто. Адвокатот го обори обвинението поради непостоење на доволно докази. ǁ оборува, оборуваат несв. ǁ глаг. им. оборување ср.