обоси (се)

Глагол, свршен

Значење на обоси (се):

1. За добиток – остане без потков. Од долгиот и лош пат коњот (се) обоси.

2. За човек – остане без обувки. Децата (се) обосија од долгото пешачење.

3. (прен.) Остане без пари, осиромаши. Народот (се) обоси од големите давачки.

Коњугација: (се) обосат.

Изведени зборови:

  • обосување, глаг. им. ср.
  • (се) обосува, глаг. несв. (се) обосуваат

Оригинални податоци:

обоси (се), (се) обосат св. 1. За добиток – остане без потков. Од долгиот и лош пат коњот (се) обоси. 2. За човек – остане без обувки. Децата (се) обосија од долгото пешачење. 3. (прен.) Остане без пари, осиромаши. Народот (се) обоси од големите давачки. ǁ (се) обосува, (се) обосуваат несв. ǁ глаг. им. обосување ср.