обработи

Глагол, свршен

Значење на обработи:

1. Изврши потребни работи врз нешто (земјиште, суровина итн.) за да служи на неговата намена. Тој сам ја обработи нивата. Земјоделците навреме ги обработија сите засадени површини. Тој го обработи каменот со длето. Асирските племиња први го обработиле железото и направиле железно оружје.

2. Доведе во некаков облик, среди во писмена форма определен проблем, материјал и сл. Сметководителот навреме ја обработи годишната пресметка.

3. (разг.) Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него. Го обработија сведокот за да ја скријат вистината.

Коњугација: обработат.

Изведени зборови:

  • обработува, глаг. несв. обработуваат
  • обработување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

обработи, обработат св. 1. Изврши потребни работи врз нешто (земјиште, суровина итн.) за да служи на неговата намена. Тој сам ја обработи нивата. Земјоделците навреме ги обработија сите засадени површини. Тој го обработи каменот со длето. Асирските племиња први го обработиле железото и направиле железно оружје. 2. Доведе во некаков облик, среди во писмена форма определен проблем, материјал и сл. Сметководителот навреме ја обработи годишната пресметка. 3. (разг.) Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него. Го обработија сведокот за да ја скријат вистината. ǁ обработува, обработуваат несв. ǁ глаг. им. обработување ср.