обратен
Значење на обратен:
1. За правец – што е спротивен од дадениот, првичниот. Обратен правец на движење. Обратна насока. Обратен пат.
2. Што претставува опачина на нешто. Се потпиша на обратната страница од формуларот. Фигурата е нацртана на обратната страна од медалот.
3. Што е различен, противречен, наполно спротивен од друг. Обратен процес. Обратен ред. Обратна смисла.
Членувана форма: обратниот.
Изведени зборови:
- обратно, прил. 1. Во спротивен правец од досегашниот. Го заврти тркалото обратно. 2. Спротивно, на поинаков начин. Се случи обратно од предвиденото.
Оригинални податоци:
обратен, обратниот прид. 1. За правец – што е спротивен од дадениот, првичниот. Обратен правец на движење. Обратна насока. Обратен пат. 2. Што претставува опачина на нешто. Се потпиша на обратната страница од формуларот. Фигурата е нацртана на обратната страна од медалот. 3. Што е различен, противречен, наполно спротивен од друг. Обратен процес. Обратен ред. Обратна смисла. ǁ обратно прил. 1. Во спротивен правец од досегашниот. Го заврти тркалото обратно. 2. Спротивно, на поинаков начин. Се случи обратно од предвиденото.