обрати

Глагол, свршен

Значење на обрати:

1. Обрне, посвети внимание некому или на нешто. Тој го обрати сето внимание на ученикот. Не обрати внимание на неговите зборови.

2. Преобрати, промени вера некому. Грабнатата девојка ја обрати во нова вера.

Коњугација: обратат.

Изведени зборови:

  • обраќање, глаг. им. ср.
  • (се) обраќа, глаг. несв. (се) обраќаат
  • се ~ обрати, 1. а) Се обрне кон некого со молба, со барање; каже, соопшти нешто некому. Му се обрати на момчето со висок тон. Тие се обратија на повеќе места за парична помош. б) Ослови некого при поставување контакт, при разговор. 2. Се преобрати, промени вера. Се обрати во друга вера и замина од градот.

Оригинални податоци:

обрати, обратат св. 1. Обрне, посвети внимание некому или на нешто. Тој го обрати сето внимание на ученикот. Не обрати внимание на неговите зборови. 2. Преобрати, промени вера некому. Грабнатата девојка ја обрати во нова вера. ● се ~ 1. а) Се обрне кон некого со молба, со барање; каже, соопшти нешто некому. Му се обрати на момчето со висок тон. Тие се обратија на повеќе места за парична помош. б) Ослови некого при поставување контакт, при разговор. 2. Се преобрати, промени вера. Се обрати во друга вера и замина од градот. ǁ (се) обраќа, (се) обраќаат несв. ǁ глаг. им. обраќање ср.