образ
Значење на образ:
1. Едната страна од лицето на човекот. Имаше лузна на десниот образ. Го бакна во образот. Ги избриша солзите од образите.
2. Предниот дел од главата на човекот; лице. Сонцето му го запали образот. Отиде на реката да си измие образ.
3. Слика, лик, изглед. Материјален образ. На прозорецот се појави образ од старец.
4. (прен.) Чест, здобиена почит. Тој е човек без образ. Веќе нема образ да се појави таму. Зарем уште имаш образ да зборуваш?
Множина: образи.
Изведени зборови:
- обравче, и. ср. мн. обравчиња; образе, мн. образиња дем. од зн. 1. и 2.
Фразеолошки израз / поговорка:
Нема ни срам ни образ – за дрзок, безобразен човек. Го обели образот – направи нешто добро, чесно, постапи правилно, подигне нечиј углед. Го изгуби образот – ја изгуби честа, почитта.
Оригинални податоци:
образ, мн. образи м. 1. Едната страна од лицето на човекот. Имаше лузна на десниот образ. Го бакна во образот. Ги избриша солзите од образите. 2. Предниот дел од главата на човекот; лице. Сонцето му го запали образот. Отиде на реката да си измие образ. 3. Слика, лик, изглед. Материјален образ. На прозорецот се појави образ од старец. 4. (прен.) Чест, здобиена почит. Тој е човек без образ. Веќе нема образ да се појави таму. Зарем уште имаш образ да зборуваш? ◊ Нема ни срам ни образ – за дрзок, безобразен човек. Го обели образот – направи нешто добро, чесно, постапи правилно, подигне нечиј углед. Го изгуби образот – ја изгуби честа, почитта. ǁ обравче, мн. обравчиња; образе, мн. образиња ср. дем. од зн. 1. и 2.