обрне

Глагол, свршен

Значење на обрне:

1. обрати_1 Таа не обрна внимание на неговиот гест. Никој не го забележа и не му обрна внимание.

2. (дијал.) Сврти, заврти нешто на друга страна. Ја обрна главата кон ѕидот и заспа.

Коњугација: (ќе) обрнеа , (ќе) обрнев , (ќе) обрнел, обрнаа , обрнав , обрнал , обрнат , обрнат , обрнете , обрни .

Изведени зборови:

  • обрнување, глаг. им. ср.
  • се ~ обрне, 1. сп. обрати се 1. Со растреперен глас се обрна кон насобраните луѓе. Таа се обрна кон него за совет. 2. (дијал.) Се сврти, се заврти, се обѕрне. Се обрна накај нив. Се обрна назад. 3. Се претвори, стане нешто друго. Парите брзо ги потроши и од чорбаџиски син се обрна во просјак.
  • (се) обрнува, глаг. несв. (се) обрнуваат

Оригинални податоци:

обрне, обрнат; обрни, обрнете; обрнав, обрнаа; обрнал; обрнат; (ќе) обрнев, (ќе) обрнеа; (ќе) обрнел св. 1. сп. обрати 1. Таа не обрна внимание на неговиот гест. Никој не го забележа и не му обрна внимание. 2. (дијал.) Сврти, заврти нешто на друга страна. Ја обрна главата кон ѕидот и заспа. ● се ~ 1. сп. обрати се 1. Со растреперен глас се обрна кон насобраните луѓе. Таа се обрна кон него за совет. 2. (дијал.) Се сврти, се заврти, се обѕрне. Се обрна накај нив. Се обрна назад. 3. Се претвори, стане нешто друго. Парите брзо ги потроши и од чорбаџиски син се обрна во просјак. ǁ (се) обрнува, (се) обрнуваат несв. ǁ глаг. им. обрнување ср.