оброни

Глагол, свршен

Значење на оброни:

1. Направи нешто со ронење, со распаѓање да се урне, да се разруши. Силниот дожд го оброни песочниот насип.

2. (нар. поез.) За солзи – пролее, пророни. Оброни солзи радосници.

Коњугација: (ќе) обронеа , (ќе) обронев , (ќе) обронел, обронаа , обронат , обронете , обронет и обронат , оброни , обронив , обронија и обронав , обронил и обронал .

Изведени зборови:

  • обронување, глаг. им. ср.
  • се ~ оброни, 1. Се распадне, се сруши нешто. Од силниот удар се оброни малтерот на ѕидот. 2. сп. оброни 2.
  • (се) обронува, глаг. несв. (се) обронуваат

Оригинални податоци:

оброни, обронат; оброни, обронете; обронив, обронија и обронав, обронаа; обронил и обронал; обронет и обронат; (ќе) обронев, (ќе) обронеа; (ќе) обронел св. 1. Направи нешто со ронење, со распаѓање да се урне, да се разруши. Силниот дожд го оброни песочниот насип. 2. (нар. поез.) За солзи – пролее, пророни. Оброни солзи радосници. ● се ~ 1. Се распадне, се сруши нешто. Од силниот удар се оброни малтерот на ѕидот. 2. сп. оброни 2. ǁ (се) обронува, (се) обронуваат несв. ǁ глаг. им. обронување ср.