обружа

Глагол, свршен

Архаизам.

Значење на обружа:

1. Дотера, накити некого или нешто. Девојките го обружаа коњот на младоженецот.

2. Опреми со оружје, вооружи некого. Новодојдените во четата ги обружаа со пушки берданки.

Коњугација: обружаат.

Изведени зборови:

  • обружување, глаг. им. ср.
  • се ~ обружа, 1. Се дотера, се накити. Таа се обружа и отиде да наполни вода. 2. Се опреми со оружје, се вооружи. Селаните се обружаа со пиштоли.
  • (се) обружува, глаг. несв. (се) обружуваат

Оригинални податоци:

обружа, обружаат св. (арх.) 1. Дотера, накити некого или нешто. Девојките го обружаа коњот на младоженецот. 2. Опреми со оружје, вооружи некого. Новодојдените во четата ги обружаа со пушки берданки. ● се ~ 1. Се дотера, се накити. Таа се обружа и отиде да наполни вода. 2. Се опреми со оружје, се вооружи. Селаните се обружаа со пиштоли. ǁ (се) обружува, (се) обружуваат несв. ǁ глаг. им. обружување ср.