обвие

Глагол, свршен

Значење на обвие:

1. Завие, замота со нешто. Таа ми ја обви половината со волнен појас. Раната му ја обвија со тенко платно. Калемот го обвил со восок.

2. Гушне, опфати со раце некого или нешто. Детето ги обви рацете околу вратот на мајка си. Таа ги обви рацете околу стеблото на дрвото не дозволувајќи да ја одвлечат.

3. Навие, намота околу нешто. Таа си ја обви плетенката околу главата. Тој го обви ќебето околу нозете. Бршленот ја обвил оградата на куќата.

4. (прен.) Покрие, опфати, окружи нешто од сите страни. Густата магла го обви градот. Пламените јазици ја обвија куќата.

Коњугација: (ќе) обвиев , (ќе) обвиеја , (ќе) обвиел , обвив , обвиен, обвиј , обвија , обвијат , обвијте , обвил .

Изведени зборови:

  • обвивање, глаг. им. ср.
  • (се) обвива, глаг. несв. (се) обвиваат
  • се ~ обвие, 1. Се завие, се замота со нешто. Старецот неколку пати се обви со појасот. Таа се обви со свилениот шал. 2. Се навие, се намота околу нешто. Смокот се беше обвил околу една гранка. Високата трева се обви околу тркалата на колата.

Оригинални податоци:

обвие, обвијат; обвиј, обвијте; обвив, обвија; обвил; (ќе) обвиев, (ќе) обвиеја; (ќе) обвиел; обвиен св. 1. Завие, замота со нешто. Таа ми ја обви половината со волнен појас. Раната му ја обвија со тенко платно. Калемот го обвил со восок. 2. Гушне, опфати со раце некого или нешто. Детето ги обви рацете околу вратот на мајка си. Таа ги обви рацете околу стеблото на дрвото не дозволувајќи да ја одвлечат. 3. Навие, намота околу нешто. Таа си ја обви плетенката околу главата. Тој го обви ќебето околу нозете. Бршленот ја обвил оградата на куќата. 4. (прен.) Покрие, опфати, окружи нешто од сите страни. Густата магла го обви градот. Пламените јазици ја обвија куќата. ● се ~ 1. Се завие, се замота со нешто. Старецот неколку пати се обви со појасот. Таа се обви со свилениот шал. 2. Се навие, се намота околу нешто. Смокот се беше обвил околу една гранка. Високата трева се обви околу тркалата на колата. ǁ (се) обвива, (се) обвиваат несв. ǁ глаг. им. обвивање ср.