обвинение
Значење на обвинение:
1. (разг.) Припишување вина некому, обвинување некого за нешто. Лажно обвинение.
2. (прав.) а) Обвинителен акт во кривична постапка за поведување судска расправа против некого и донесување пресуда. Тој е под обвинение за измама. б) (само едн.) Страната што обвинува во судскиот процес; обвинител. Тој е застапник на обвинението.
Множина: обвиненија.
Оригинални податоци:
обвинение, мн. обвиненија ср. 1. (разг.) Припишување вина некому, обвинување некого за нешто. Лажно обвинение. 2. (прав.) а) Обвинителен акт во кривична постапка за поведување судска расправа против некого и донесување пресуда. Тој е под обвинение за измама. б) (само едн.) Страната што обвинува во судскиот процес; обвинител. Тој е застапник на обвинението.