обвисне (се)

Глагол, свршен

Значење на обвисне (се):

1. Се обеси држејќи се на нешто. Таа му се обвисна на вратот.

2. Се олабави, висне надолу. Образите уште повеќе ѝ обвиснаа на измаченото лице.

3. Се наднесе, надвисне над нешто. Над градот се обвиснаа темни облаци.

Коњугација: (ќе се) обвиснеа , (ќе се) обвиснев , (ќе се) обвиснел, обвиснат , обвиснете (се) , обвисни (се) , (се) обвиснав, (се) обвиснал , (се) обвиснат .

Изведени зборови:

  • обвиснување, глаг. им. ср.
  • (се) обвиснува, глаг. несв. (се) обвиснуваат

Оригинални податоци:

обвисне (се), (се) обвиснат; обвисни (се), обвиснете (се); (се) обвиснав, (се) обвиснаа; (се) обвиснал; обвиснат; (ќе се) обвиснев, (ќе се) обвиснеа; (ќе се) обвиснел св. 1. Се обеси држејќи се на нешто. Таа му се обвисна на вратот. 2. Се олабави, висне надолу. Образите уште повеќе ѝ обвиснаа на измаченото лице. 3. Се наднесе, надвисне над нешто. Над градот се обвиснаа темни облаци. ǁ (се) обвиснува, (се) обвиснуваат несв. ǁ глаг. им. обвиснување ср.