обврзе
Значење на обврзе:
Задолжи некого со нешто, определи некому некаква обврска. Власта ги обврза надлежните органи да продолжат со преговорите. Таа ме обврза со својата добрина.Коњугација: (ќе) обврзеа , (ќе) обврзев , (ќе) обврзел, обврзаа , обврзав , обврзал , обврзан , обврзат , обврзете , обврзи .
Изведени зборови:
- обврзување, глаг. им. ср.
- се ~ обврзе, Се задолжи за нешто, прими обврска. Тој се обврза да ја изврши задачата.
- (се) обврзува, глаг. несв. (се) обврзуваат
Оригинални податоци:
обврзе, обврзат; обврзи, обврзете; обврзав, обврзаа; обврзал; обврзан; (ќе) обврзев, (ќе) обврзеа; (ќе) обврзел св. Задолжи некого со нешто, определи некому некаква обврска. Власта ги обврза надлежните органи да продолжат со преговорите. Таа ме обврза со својата добрина. ● се ~ Се задолжи за нешто, прими обврска. Тој се обврза да ја изврши задачата. ǁ (се) обврзува, (се) обврзуваат несв. ǁ глаг. им. обврзување ср.