оцапа

Глагол, свршен

Значење на оцапа:

1. Извалка нешто (со кал и сл.). Ги оцапа босите нозе.

2. (прен., разг.) Лошо направи нешто, расипе, погреши. Тука си ја оцапал, не ти требало со нив да се караш.

Коњугација: оцапаат.

Изведени зборови:

  • се ~ оцапа, Се извалка. Целиот се оцапа.
  • (се) оцапува, глаг. повт. (се) оцапуваат

Оригинални податоци:

оцапа, оцапаат св. 1. Извалка нешто (со кал и сл.). Ги оцапа босите нозе. 2. (прен., разг.) Лошо направи нешто, расипе, погреши. Тука си ја оцапал, не ти требало со нив да се караш. ● се ~ Се извалка. Целиот се оцапа. ‖ (се) оцапува, (се) оцапуваат повт.