оцена
Значење на оцена:
1. Определување вредност, цена на нешто. Денеска се изврши оцената на покуќнината.
2. Преценка за размерот, количината и сл. на нешто. Според мојата оцена, патот не е подолг од дваесет километри.
3. (прен.) Мислење, став, суд за вредноста на некого или нешто. Критиката нема дадено јасна оцена за неговите дела.
4. Даде описна белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач и сл.). Учителот ја даде следнава оцена: „Ученикот добро ги совлада вештините за читање и пишување“.
Множина: оцени.
Оригинални податоци:
оцена, мн. оцени ж. 1. Определување вредност, цена на нешто. Денеска се изврши оцената на покуќнината. 2. Преценка за размерот, количината и сл. на нешто. Според мојата оцена, патот не е подолг од дваесет километри. 3. (прен.) Мислење, став, суд за вредноста на некого или нешто. Критиката нема дадено јасна оцена за неговите дела. 4. Даде описна белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач и сл.). Учителот ја даде следнава оцена: „Ученикот добро ги совлада вештините за читање и пишување“.