оцени

Глагол, свршен

Значење на оцени:

1. Определи вредност, цена на нешто. Тој бара посебна комисија да ги оцени неговите производи.

2. Прецени, даде преценка за размерот, количината и сл. на нешто. Оцени дека не може да се заврши работата за два дена.

3. (прен.) Даде мислење, суд за вредноста или за значењето на нешто. Критиката ги оцени неговите песни како добри.

4. Даде белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач и сл.). Наставникот ги оцени учениците.

Коњугација: оценат.

Изведени зборови:

  • оценува, глаг. несв. оценуваат
  • оценување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

оцени, оценат св. 1. Определи вредност, цена на нешто. Тој бара посебна комисија да ги оцени неговите производи. 2. Прецени, даде преценка за размерот, количината и сл. на нешто. Оцени дека не може да се заврши работата за два дена. 3. (прен.) Даде мислење, суд за вредноста или за значењето на нешто. Критиката ги оцени неговите песни како добри. 4. Даде белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач и сл.). Наставникот ги оцени учениците. ‖ оценува, оценуваат несв. ‖ глаг. им. оценување ср.