очеша
Значење на очеша:
Гребне, драсне малку (по површината, по кожата). Ја очешал колата од ѕидот.Коњугација: очешаат.
Изведени зборови:
- очешување, глаг. им. ср.
- се ~ очеша, Се гребне, се драсне малку; се допре при движење, при одење. Си се очешал некаде по коленото. Се очешав од него, а не видов кој е.
- (се) очешува, глаг. несв. (се) очешуваат
Оригинални податоци:
очеша, очешаат св. Гребне, драсне малку (по површината, по кожата). Ја очешал колата од ѕидот. ● се ~ Се гребне, се драсне малку; се допре при движење, при одење. Си се очешал некаде по коленото. Се очешав од него, а не видов кој е. ‖ (се) очешува, (се) очешуваат несв. ‖ глаг. им. очешување ср.