очовечи
Значење на очовечи:
Направи некого човек, направи некој да стане почовечен, похуман; пренесе особини на човек. Јас го очовечив, инаку за никаде беше.Коњугација: очовечат.
Изведени зборови:
- очовечува, глаг. несв. очовечуваат
- очовечување, глаг. им. ср.
- се ~ очовечи, 1. Стане подобар, почовечен. По толку лоши работи, на крајот се очовечи. 2. Добие лик на човек. Бебето веќе се очовечило.
Оригинални податоци:
очовечи, очовечат св. Направи некого човек, направи некој да стане почовечен, похуман; пренесе особини на човек. Јас го очовечив, инаку за никаде беше. ● се ~ 1. Стане подобар, почовечен. По толку лоши работи, на крајот се очовечи. 2. Добие лик на човек. Бебето веќе се очовечило. ‖ очовечува, очовечуваат несв. ‖ глаг. им. очовечување ср.