очука
Значење на очука:
1. а) Со чукање издвои, оддели плод од жито и некои видови плодови во мешунка. Го очукавме гравот. б) Со чукање истресе плодови од дрво. Го очукав оревот.
2. Оштети со врнежи од град. Градот ги очука лозјата.
Коњугација: очукаат.
Изведени зборови:
- очукува, глаг. несв. очукуваат
- очукување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
очука, очукаат св. 1. а) Со чукање издвои, оддели плод од жито и некои видови плодови во мешунка. Го очукавме гравот. б) Со чукање истресе плодови од дрво. Го очукав оревот. 2. Оштети со врнежи од град. Градот ги очука лозјата. ‖ очукува, очукуваат несв. ‖ глаг. им. очукување ср.