оцрни
Значење на оцрни:
1. Направи црн, обои со црна боја, поцрни. Ми ги оцрни рацете.
2. Стане црн. Оцрнев на сонцето.
3. (прен.) Посрами, усрами. Ти ми го оцрни образот. Ме оцрни пред луѓето.
Коњугација: (го) оцрнив , (го) оцрнија , (го) оцрнил , оцрнат , оцрнеа , оцрнев , оцрнел , оцрнет, оцрнете , оцрни .
Изведени зборови:
- оцрнува, глаг. несв. оцрнуваат
- оцрнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
оцрни, оцрнат; оцрни, оцрнете; оцрнев, оцрнеа; оцрнел; (го) оцрнив, (го) оцрнија; (го) оцрнил; оцрнет св. 1. Направи црн, обои со црна боја, поцрни. Ми ги оцрни рацете. 2. Стане црн. Оцрнев на сонцето. 3. (прен.) Посрами, усрами. Ти ми го оцрни образот. Ме оцрни пред луѓето. ‖ оцрнува, оцрнуваат несв. ‖ глаг. им. оцрнување ср.