оцрта

Глагол, свршен

Значење на оцрта:

Наслика, нацрта, опише, претстави нешто во главни црти; покаже контури. Содржината на неговите книги се движи пак во оние рамки што ги оцртавме. Накратко ќе го оцртаме ликот на Пулевски. Во романот тој е оцртан како перфиден заводник.

Коњугација: оцртаат.

Изведени зборови:

  • оцртување, глаг. им. ср.
  • се ~ оцрта, Се покаже во своите контури. На месечевата светлина се оцртаа силуети на луѓе. Околу главата му се оцрта ореол.
  • (се) оцртува, глаг. несв. (се) оцртуваат

Оригинални податоци:

оцрта, оцртаат св. Наслика, нацрта, опише, претстави нешто во главни црти; покаже контури. Содржината на неговите книги се движи пак во оние рамки што ги оцртавме. Накратко ќе го оцртаме ликот на Пулевски. Во романот тој е оцртан како перфиден заводник. ● се ~ Се покаже во своите контури. На месечевата светлина се оцртаа силуети на луѓе. Околу главата му се оцрта ореол. ‖ (се) оцртува, (се) оцртуваат несв. ‖ глаг. им. оцртување ср.