од

Именка, машки род

Значење на од:

1. Движење со чекорење, одење. Тие го забрзаа одот. Таа се нишаше при одот. Наслушна тешки одови по снегот.

2. Начин на одење, на чекорење. Несигурен од. Цврст од. Лесен од.

3. Работа, движење на нешто неживо (машина, механизам и сл.). Го следеше одот на машините. Одот на иглата е неправилен. Гледаше во одот на стрелките на часовникот.

4. Пат, растојание (како мерка за далечина). Одовде до селото има два часа од.

5. (прен.) Тек, развој. Тој настан влијаел врз одот на востанието. Ништо не може да го запре одот на времето.

Множина: одови.

Оригинални податоци:

од, мн. одови м. 1. Движење со чекорење, одење. Тие го забрзаа одот. Таа се нишаше при одот. Наслушна тешки одови по снегот. 2. Начин на одење, на чекорење. Несигурен од. Цврст од. Лесен од. 3. Работа, движење на нешто неживо (машина, механизам и сл.). Го следеше одот на машините. Одот на иглата е неправилен. Гледаше во одот на стрелките на часовникот. 4. Пат, растојание (како мерка за далечина). Одовде до селото има два часа од. 5. (прен.) Тек, развој. Тој настан влијаел врз одот на востанието. Ништо не може да го запре одот на времето.