од

Предлог

Значење на од:

1. Пространствено значење: а) Оддалечување од некаде, излегување. Полицијата го чекаше да излезе од куќата и да се предаде. Утре ќе ги исфрлам сите стари работи од визбата. б) Одделување од нешто. Скинал два листа од книгата и ги сокрил. в) Растојание. Колку што си подалеку од родниот крај, толку ти е поголема носталгијата. г) Положба во однос на друг предмет. Од левата страна на улицата беа наредени неколку продавнички за сувенири. д) Гранична линија од која почнува нешто. Надолу од колената ѝ се гледаат проширените вени. ѓ) Упатеност на местото на вршење на дејството. Од покривот на зградата често ги пуштал гулабите. е) Извесна измереност, растојание (со други предлози). Од Охрид до Скопје стигнавме за два часа. Скокаше од камен на камен и не ги наводени чевлите. Чумата многу бргу се ширеше од куќа в куќа.

2. Временско значење: а) Момент од кога почнува нешто. Од утре започнува зимско сметање на времето. б) Растојание, временска измереност. Оваа година славиме 60 години од основањето на Филозофскиот факултет. Учениците нема да одат на школо од среда до понеделник. Состојбата ќе ни се влошува од ден на ден.

3. Поседување, припадност. Ливадите од Петревци ги коси Јанко од Добри Дол.

4. Потекло, произлез на нешто. Секој вторник се информираме за настаните од татковината. Сите производи се од увоз, од познати светски фирми. Ме воодушеви фигурата од бел мермер.

5. Дел од нешто, од целина. Детето касна малку од јадењето и излезе да си игра. Го загриза крајчето од лебот и го фрли.

6. Причина. Ќе остари пред време од тага по загинатиот син. Не умрел од болест, туку од лудост.

7. Количество, мера, вредност и сл. Купил чевли од сто евра. Се фалеше дека уловил мрена од два килограма. Тоа беше едно огромно јато од илјадници црни птици.

8. Признак, особина, карактеристика. Спогодбата за пасишта е од животна важност за нас. Твоите проблеми од таков вид не може никој да ти ги реши.

9. Споредба. Во секој поглед ние сме подобри од вас. Помалата ќерка е повисока од постарата.

10. Преминување од една состојба во друга. Од пријатели – станаа најголеми непријатели. По смената на власта, од прв човек на фирмата пак стана обичен работник. 1Вршител на дејство (во пасивни реченици). Мара беше многу навредена од синот единец. Ќе бидете повикани од Обвинителството да сведочите.

Оригинални податоци:

од предл. 1. Пространствено значење: а) Оддалечување од некаде, излегување. Полицијата го чекаше да излезе од куќата и да се предаде. Утре ќе ги исфрлам сите стари работи од визбата. б) Одделување од нешто. Скинал два листа од книгата и ги сокрил. в) Растојание. Колку што си подалеку од родниот крај, толку ти е поголема носталгијата. г) Положба во однос на друг предмет. Од левата страна на улицата беа наредени неколку продавнички за сувенири. д) Гранична линија од која почнува нешто. Надолу од колената ѝ се гледаат проширените вени. ѓ) Упатеност на местото на вршење на дејството. Од покривот на зградата често ги пуштал гулабите. е) Извесна измереност, растојание (со други предлози). Од Охрид до Скопје стигнавме за два часа. Скокаше од камен на камен и не ги наводени чевлите. Чумата многу бргу се ширеше од куќа в куќа. 2. Временско значење: а) Момент од кога почнува нешто. Од утре започнува зимско сметање на времето. б) Растојание, временска измереност. Оваа година славиме 60 години од основањето на Филозофскиот факултет. Учениците нема да одат на школо од среда до понеделник. Состојбата ќе ни се влошува од ден на ден. 3. Поседување, припадност. Ливадите од Петревци ги коси Јанко од Добри Дол. 4. Потекло, произлез на нешто. Секој вторник се информираме за настаните од татковината. Сите производи се од увоз, од познати светски фирми. Ме воодушеви фигурата од бел мермер. 5. Дел од нешто, од целина. Детето касна малку од јадењето и излезе да си игра. Го загриза крајчето од лебот и го фрли. 6. Причина. Ќе остари пред време од тага по загинатиот син. Не умрел од болест, туку од лудост. 7. Количество, мера, вредност и сл. Купил чевли од сто евра. Се фалеше дека уловил мрена од два килограма. Тоа беше едно огромно јато од илјадници црни птици. 8. Признак, особина, карактеристика. Спогодбата за пасишта е од животна важност за нас. Твоите проблеми од таков вид не може никој да ти ги реши. 9. Споредба. Во секој поглед ние сме подобри од вас. Помалата ќерка е повисока од постарата. 10. Преминување од една состојба во друга. Од пријатели – станаа најголеми непријатели. По смената на власта, од прв човек на фирмата пак стана обичен работник. 11. Вршител на дејство (во пасивни реченици). Мара беше многу навредена од синот единец. Ќе бидете повикани од Обвинителството да сведочите.