одар
Значење на одар:
1. Издигнато место, обично со дрвени штици, покрај ѕид во соба, кое служи за седење и за лежење. Во ќошот на одајата се наоѓаше одарот прекриен со килим.
2. Дрвено легло, дрвен кревет. Тој лежеше на одарот направен од оревово дрво.
3. Легло на кое лежи мртовецот до неговото закопување. Смртен одар. Пријдовме кон одарот на покојната.
Множина: одри.
Изведени зборови:
- одарче, и. ср. дем. од зн. 1. и 2.
Оригинални податоци:
одар, мн. одри м. 1. Издигнато место, обично со дрвени штици, покрај ѕид во соба, кое служи за седење и за лежење. Во ќошот на одајата се наоѓаше одарот прекриен со килим. 2. Дрвено легло, дрвен кревет. Тој лежеше на одарот направен од оревово дрво. 3. Легло на кое лежи мртовецот до неговото закопување. Смртен одар. Пријдовме кон одарот на покојната. ǁ одарче, мн. одарчиња ср. дем. од зн. 1. и 2.