одбележи
Значење на одбележи:
1. Обележи, означи нешто. Одбележете ги именките во текстот. Тој ја одбележал нивата со камења.
2. Прослави некаква годишнина, датум, манифестација и сл. Синовите му ја одбележаа седумдесетгодишнината на својот татко. Ние го одбележавме јубилејот на Институтот минатата година.
3. (прен.) Истакне, нагласи нешто. Ние веќе одбележивме што значи појавата на оваа книга за нашиот јазик. Овде ќе одбележам уште еден факт.
Коњугација: (ќе) одбележеа , (ќе) одбележев , (ќе) одбележел, одбележаа , одбележат , одбележен и одбележан , одбележете , одбележи , одбележив , одбележија и одбележав , одбележил и одбележал .
Изведени зборови:
- одбележува, глаг. несв. одбележуваат
- одбележување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
одбележи, одбележат; одбележи, одбележете; одбележив, одбележија и одбележав, одбележаа; одбележил и одбележал; одбележен и одбележан; (ќе) одбележев, (ќе) одбележеа; (ќе) одбележел св. 1. Обележи, означи нешто. Одбележете ги именките во текстот. Тој ја одбележал нивата со камења. 2. Прослави некаква годишнина, датум, манифестација и сл. Синовите му ја одбележаа седумдесетгодишнината на својот татко. Ние го одбележавме јубилејот на Институтот минатата година. 3. (прен.) Истакне, нагласи нешто. Ние веќе одбележивме што значи појавата на оваа книга за нашиот јазик. Овде ќе одбележам уште еден факт. ǁ одбележува, одбележуваат несв. ǁ глаг. им. одбележување ср.