одбие
Значење на одбие:
1. а) Се спротивстави, со спротивно дејство одврати нешто од себе. Четата го одби нападот на непријателот. Тој го одби силниот удар. Детето ја одби топката. б) Промени насока на движење. Топката ја одби со глава. Стаклото ги одби сончевите зраци.
2. Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои, отфрли. Работниците одбија да работат. Тој одби да разговара со нас. Таа го одби стројникот. Тој ја одби понудената работа. Судијата ја одби жалбата.
3. Одврати од цицање. Мајката го одби детето на десет месеци.
4. Предизвика негативен однос кај некого со нешто. Со своето дрско однесување, тој ги одби луѓето од себе.
5. За пари – одземе, скуси, задржи. Овој месец ни одбија од платата пет проценти. Тој ги одби патните трошоци од вкупната сума.
6. За вода – одврати, промени тек. Тој ја одби водата од јазот.
7. Скршне од патот, промени правец на движење. Тие одбија од патот и навлегоа во шумата.
8. Се истави, се потргне, се тргне настрана. Одбиј од мене! Одбиј од патот! Одбиј назад!
Коњугација: (ќе) одбиев , (ќе) одбиеја , (ќе) одбиел , одбив , одбиен, одбиј , одбија , одбијат , одбијте , одбил .
Изведени зборови:
- одбивање, глаг. им. ср.
- (се) одбива, глаг. несв. (се) одбиваат
- се ~ одбие, 1. Се одврати, се врати назад. Топката се одби од ѕидот. Светлината се одби од огледалото. 2. Престане да цица. Детето се одби на пет месеци. 3. сп. одбие 7. Дошле до една раскрсница и старецот се одбил од патот. 4. Намине, наврати некаде. Се одбивме до старите. На враќање од работа, се одбил во првата кафеана.
Фразеолошки израз / поговорка:
Одбие некому на младост (на глупост, незнаење, збунетост итн.) – поради тоа, не биди многу строг, не суди (му) строго. Вие одбијте му на младоста и сѐ ќе биде в ред. Му одбија на глупоста, како ништо да не било.
Оригинални податоци:
одбие, одбијат; одбиј, одбијте; одбив, одбија; одбил; (ќе) одбиев, (ќе) одбиеја; (ќе) одбиел; одбиен св. 1. а) Се спротивстави, со спротивно дејство одврати нешто од себе. Четата го одби нападот на непријателот. Тој го одби силниот удар. Детето ја одби топката. б) Промени насока на движење. Топката ја одби со глава. Стаклото ги одби сончевите зраци. 2. Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои, отфрли. Работниците одбија да работат. Тој одби да разговара со нас. Таа го одби стројникот. Тој ја одби понудената работа. Судијата ја одби жалбата. 3. Одврати од цицање. Мајката го одби детето на десет месеци. 4. Предизвика негативен однос кај некого со нешто. Со своето дрско однесување, тој ги одби луѓето од себе. 5. За пари – одземе, скуси, задржи. Овој месец ни одбија од платата пет проценти. Тој ги одби патните трошоци од вкупната сума. 6. За вода – одврати, промени тек. Тој ја одби водата од јазот. 7. Скршне од патот, промени правец на движење. Тие одбија од патот и навлегоа во шумата. 8. Се истави, се потргне, се тргне настрана. Одбиј од мене! Одбиј од патот! Одбиј назад! ● се ~ 1. Се одврати, се врати назад. Топката се одби од ѕидот. Светлината се одби од огледалото. 2. Престане да цица. Детето се одби на пет месеци. 3. сп. одбие 7. Дошле до една раскрсница и старецот се одбил од патот. 4. Намине, наврати некаде. Се одбивме до старите. На враќање од работа, се одбил во првата кафеана. ◊ Одбие некому на младост (на глупост, незнаење, збунетост итн.) – поради тоа, не биди многу строг, не суди (му) строго. Вие одбијте му на младоста и сѐ ќе биде в ред. Му одбија на глупоста, како ништо да не било. ǁ (се) одбива, (се) одбиваат несв. ǁ глаг. им. одбивање ср.