одбор

Именка, машки род

Значење на одбор:

1. Група од избрани или именувани лица која претставува некој орган на власта или правно тело со определени задолженија. Управен одбор. Извршен одбор. Месни одбори.

2. Место, просторија во која е сместен и работи одборот. Го фатија и го спроведоа во одборот. Оди до одборот, види што се случува.

3. Тоа што е одбрано, избрано според определени критериуми. Одбор јунаци. Одбор гости. Одбор грозје.

Множина: одбори.

Изведени зборови:

  • одборски, прид. одборскиот кон зн. 1. Одборска седница.

Оригинални податоци:

одбор, мн. одбори м. 1. Група од избрани или именувани лица која претставува некој орган на власта или правно тело со определени задолженија. Управен одбор. Извршен одбор. Месни одбори. 2. Место, просторија во која е сместен и работи одборот. Го фатија и го спроведоа во одборот. Оди до одборот, види што се случува. 3. Тоа што е одбрано, избрано според определени критериуми. Одбор јунаци. Одбор гости. Одбор грозје. ǁ одборски, одборскиот прид. кон зн. 1. Одборска седница.